На нејзината свадба тој беше најтажен, најсреќен, најгорд, емотивен, расплакан, весел…Да тој е таткото на невестата!

Момчиња знајте, таа е неговата ПРИНЦЕЗА. Чувајте ја, штитете ја, сакајте ја и почитувајте ја. Еден ден можеби таа ќе ви подари ќерка и тогаш ќе ви стане јасно се, а во меѓувреме прочитајте што значи односот на татко и ќерка.

Ова се сите вистини полни со емоции кои татковците на ќерки ги знаат, иако понекогаш не ги признаваат…

Ќерката е мало девојче кое ќе прерасне во ваша најдобра пријателка.

Таа е чудо кое секој ден станува се почудесно. Волшебство кое секој ден станува се поволшебно.

Ќерката е некој чија насмевка предизвикува насмевка и на вашето лице.

Loading...

Ќе има толку многу ситуации во кои ќе ви се чини дека сте погрешиле, но во очите и срцето на вашето девојче ќе останете безгрешни, што и да се случи.

Вашата малечка ќе сфати дека за некои работи потполно сте биле во право и дека таа била онаа која грешела кога ќе биде возрасна и ќе има своја малечка убавица.

Дури и кога нема да ви се допаѓа она што го прави, вие бескрајно ќе ја сакате.

Можеби ќе замине од домот кога ќе се одлучи да создаде свое семејство, но, никогаш од вашето срце.

Ако би можеле да и дадете еден уникатен подарок, тоа сигурно би била можноста да се види себеси со вашите очи за да сфати колку е прекрасна.

Убава работа е кога татко го носи синот на риболов. Но, меѓу ѕвездите постои посебно место за татковците кои ги водат своите ќерки на шопинг.

Зад секоја прекрасна ќерка, стои прекрасен татко!

Секој, па дури и најстрогиот и најстудениот човек на светов ќе признае дека во моментот кога за првпат ја видел својата ќерка го резервирал срцето само за неа. За онаа која го вика „тато“.

Татковци, бидете кралеви за своите ќерки. Сакајте ги силно и моќно! Така, ќе бидете сигурни дека никогаш во животот нема да прифатат помалку од она што навистина го заслужуваат. Затоа што врз основа на големината на љубовта која ќе ја добива од вас и онаа која нејзината мајка ќе ја добива од нејзиниот сопруг, таа ќе ги гради стандардите за љубов, врски и брак.

И никогаш немојте да заборавите дека иако кратко ќе ја држите за рачиња, нејзината љубов ќе ја имате засекогаш!

Извор: убаво.мк