ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Зошто уличните кучиња напаѓаат?

Пред да ги осудите животните, зошто малку не се свртите кон луѓето, кон вас самите? Дали вие нешто допринесувате за нив, за нивното однесување?

Животинките се едноставно искрени и прилагодливи суштества. Подајте им рака, ќе ви возвратат дупло. Дали сте се прашале зошто уличните кучиња напаѓаат?

Дали сте се запрашале колку од вашите блиски им посветуваат барем две минутки внимание, им даваат храна или ги удираат, бркаат и малтретираат? Нив нема кој да ги заштити ако не се заштитат самите. Малтретирани, удирани и бркани многу пати.

Кога некому пришле за да се погалат за возврат добиле клоци, пцовки и нормално е да се истрауматизирани и уплашени. Додека така со нив луѓето се однесуваат дотогаш тие ќе се бранат. Лесно е да ги осудите, да ги повредите, да ги избркате или да им пресудите по живот. Но верувајте, уште полесно е да им подадете корка лепче, малку вода и пет минути од денот да одвоите за нив, за оние кои се пред вашата зграда, во вашето маалско паркче или на вашата улица.

Тие секогаш ќе ви бидат благодарни. Ќе бидат ваш чувар и другар, нема да бидат ваша ноќна мора. Што ке ги чини сите станови да одвојат од својот леб по една кришка за кутрето пред зграда? Ништо! Нема да бидат никако оштетени. Само ќе направат од тоа животинче пријателче кое ќе им се радува секое утро и со насмевка ќе ги испраќа и дочекува пред зградата.

Loading...

Ќе направат соживот со животните, а и со комшиите. Ќе го направат светот поубаво место за живеење. И запомнете, и тоа што ќе е малку за вас за нив ќе е многу.

Loading...