На евровизија стоеше зад Шерифовиќ, а денес е најпопуларна во регионот – знаете ли за кој се работи

Пејачката која денес има низа хитови и дуети со регионалните ѕвезди, некогаш беше придружен вокал во сенка, а ја гледавме и на сцената заедно со Марија Шерифовиќ кога Србија освои победа.

Станува збор за пејачката Ивана Селаков, која беше дел од српската победа со песната „Молитва“.

Заедно со останатите девојки од групата стоеше на сцената и ги изведуваше победничките стихови, а денес има свои со кои го освојува Балканот.