Поранешната золва на Карлеуша откри детали за првиот брак на пејачката

Иако многу девојки сакаат да се омажат со наследникот на династијата Кариќ за пари, неговата сестра тврди дека Карлеуша била во брак со него од љубов и дека многу го сакала. Иако се разведе од Бојан, неговата сестра и Карлеуша и денес се пријателки.

– Јелена ми беше омилена снаа, супер се согласувавме и многу ја сакам. И денес и одам на концерти. Се сакаа, не е од оние што трчаа по пари, вели Данијела Кариќ.

Инаку, Карлеуша и првиот сопруг се венчаа во 2004. година, а се разведоа во 2005. Тој потоа се прежени, а Карлеуша се омажи за Душко.