Внесете го ова цвеќе дома и паричник ќе ви биде полн со пари

Фенг шуи филозофијата смета дека ќе имате многу пари доколку во домот чувате красула чии дебели листови потсетуваат на монети. Плус, експертите советуваат да ја чувате оваа билка веднаш покрај влезната врата.

Јапонското дрво на пари кај нас не е многу познато и популарно, но се верува дека привлекува богатство и позитивно влијае на работата. Затоа, поголемите компании решаваат да ја чуваат во канцелариите, а во некои азиски земји дури и се пренесува од колено на колено.

Самата билка е доста отпорна на инсекти и штетници, а може да се купи и одржува за малку пари.

Се одржува слично како кактусите, во земја со многу песок и не бара многу вода.

Најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се бујните, зелени билки кои не само што ќе донесат позитивни вибрации во домот, туку, како што се верува, и богатство.

Според некои верувања, имено, постојат билки кои ја привлекуваат енергијата на богатството.

Такво е и јапонското дрво на парите, со латинско име “Crassula ovata”. Оваа билка која носи различни називи, секаде е позната како билка која носи пари. На англиски на пример, често се нарекува „money tree“.

Се верува дека присуството на билката во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји се пренесува од колено на колено.

Фенг шуи препорачува оваа билка да се држи од десната страна на влезната врата како би привлекла пари. Потекнува од јужна Африка, доста е отпорна и не ја напаѓаат штетници. Може да се купи и во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*