Милица Павловиќ: Ќе и бидам подобра снаа на Брена од Пријовиќ!

Веќе некое време се зборува за блискоста на Милица Павловиќ и Стефан Живојиновиќ, а неодамна беа фотографирани и на заеднички ручек во Белград. По тој повод српски „Свет“ ја прашал пејачката дали е вистина дека ќе и биде снаа на Лепа Брена, а ова е нејзиниот одговор.

Чија и да бидам снаа, ќе бидам најдобра снаа и најмногу ќе ме сакаат. И само мене, одговорила познатата пејачка.

На прашањето дали на Лепа Брена ќе и биде подобра од Александра, исто така доста самоуверено одговори Павловиќ.

Јас кажав, чија и да бидам снаа, ќе бидам најдобра и ќе ме сакаат најмногу од сите снаи колку и да бидеме на број, прокоментира Милица Павловиќ со насмевка на лицето за српски „Свет“.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*