Се најавува ново невреме – Временската до крајот на јули полна пресврти

По невремето кое пустошеше во Македонија следи сончев ден, па од утре пак дожд и невреме.

Ова е временската за цел месец јули според Accuweather.

Под влијание на нов изразен влажен воздушен бран за време на викендот и тоа особено во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд ( локално над 30 л/м2). Секако се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен до силен ветер како и со услови за појава на град, токму поради оваа ситуација граѓаните да бидат внимателни, а поради поинтензивните врнежи можни се и локални поплавувања, информира метеорологот Славчо Попоски

Влијанието на посвежата воздушна маса од север понатаму кај нас ќе придонесе за подпросечни температури на воздухот за овој дел од годината па така истите на повеќе места ќе останат под 30 степени, а наутро најниските температури понекаде се очекува да се спуштат и под 10 степени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*