Заев до Усеини: Нека си ја срyши пицеријата сам или ние ќе му ја срушиме

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција побара Општина Охрид да ја сруши дивоградбата – пицерија на советникот Нефи Усеини во центарот на градот или ќе и ги одземе надлежностите.

„ Јас му реков на градоначалникот да постапи согласно законот. Ако не, ќе постапиме извршната власт и таа дивоградба, и сите други, ќе биде срушена.

Апелирам до Усеини сам да си ја сруши дивоградбата. Мораме да воспоставиме ред, не заради УНЕСКО, туку заради нас“, рече претседателот на владата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*