Балканот на „удар“ на циклонот Роберт- се подготвува силно невреме

Големо невреме во текот на претстојната ноќ ќе ги зафати државите од регионот поточно Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска како и делови од Србија, Црна Гора и Албанија, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Сето ова е во склоп со моќниот Роберт кој го зафаќа Балканот но и Македонија и иситот ќе услови интензивни врнежи. Локално ќе има појава на поизразено невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да услови поплавувања, олуен ветер, силни електрични празнења како и појава на град, поради ваквата ситуација на граѓаните од регионот или пак на Македонските граѓани кој се наоѓаат во горе споменатите држави да бидат претпазливи во случај на појава на изразено невреме. Локално количеството на воден талог ќе надмине над 50 л/м2 и тоа за кратко време.

Кај нас пак во Македонија во текот на оваа ноќ исто така ќе има врнежи и тоа претежно на запад. Локално исти така ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност а не се исклучува можноста и за редок град. Локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси ќе има утро проследени со поинтензивен пороен дожд, електрични пранзења, засилен ветер и услови за појава на град. На граѓаните ги советуваме и предупредуваме во случај на појава на електрични рпазнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Времето во земјава ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 25 степени.

Loading...

Во Скопје ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 21 степени.

Во среда и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со локален дожд. Потоа од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*