Предупредување од светските метеоролозите: Студен бран пристигнува во Македонија – нѐ очекува пад на температурите

 

Метеоролошкиот сервис „Severe Weather EU“ објави дека температурите наскоро ќе бидат значително под просекот за оваа доба од годината, затоа што пристигнува многу студен арктички бран.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, многу студен арктички фронт кој се движи кон Европа ќе предизвика голем пад на температурите, а метеоролозите предвидуваат дека во поедини региони за само 24 часа температурите на воздухот може да паднат и за 20 степени Целзиусови.

Значајното заладување веројатно ќе донесе и многу снежни врнежи на Алпите и ќе предизвикаат бури на Медитеранот. Се очекуваат и големи количини вода. Поларниот студ веќе го зафати Балтикот и продолжува да се движи кон средна Европа.

Loading...

Се очекува ова заладувањео од Арктикот на Балканот да стигне кон крајот на оваа недела и да донесе температури за околу 10 степени пониски од просекот за ова време од годината. Во Унгарија и Романија ќе дојде до голем пад на температурите за само 24 часа и можно е да се приближат и до нулата. Според најавите во четврток и петок се очекуваат поројни дождови.

Времето во Македонија, под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, која на некои места ќе наврнат и над 30 литри на метар кавдратен.

Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Минималните ќе бидат од три до 12, а масималните дневни до 25 степени.

loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*