Најнови детали за нападнатото момче во скопски Карпош

Нападнатото момче попладнево во скопски Карпош имало 19 години. Слободен печат јавува дека се работи за 19-годишниот Ф.В. кој брутално бил нападнат.

– Околу 17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје, велат од МВР за порталот.

Инцидентот се случил во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош.

– Пациентот е во тешка здравствена состојба со сериозни повреди на глава и е однесен во ургентниот центар, велат од Брзата помош за Слободен печат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*