Многу малку луѓе ја знаат – Приказната за Зоран Заев и Фолк фест „Валандово“

ГО ЗНАЕТЕ ЛИ ЗАЕВ? Еве една вистинска приказна (од мнoгуте кои ги знам) за Зоран Заев!

Дејствието на приказната се случува во Валандово, во еден мајски ден, пред десеттина години. Љубителите на новосоздадената македонска песна, со нетрпение ја очекуваат финалната вечер на Фолк фест “Валандово”, ем тие во салата, ем гледачите на МТВ. Ама на фестивалот на песната, не е се песна. Таа вечер, пред самиот почеток, се случува нешто непредвидено. Тон мајсторот, задолжен да ја пушти тонската шпица која ќе означи почеток на финалната вечер, но и сите матрици за песните кои треба да бидат изведени, одбива да ја изврши својата работна задача.

Зошто? Затоа што, на тој начин го изразува својот револт од неисплатениот хонорар за минатогодишниот фестивал, со реална можност дека нема да му биде платено и за тековниот. Тонецот, ултимативно настапува пред организаторите, во стилот “или платете ми ги договорените пари, за лани и годинава, или фестивал нема да има”. Станува вистински хаос. Сите инволвирани луѓе креваат рамења…и организаторите и валандовскиот градоначалник.

Во миговите на очај дека ќе пукне голема брука од државни размери, Мирчо Карамучев (неоддамна починат) – еден од луѓето од организацијата на фестивалот, телефонски бара помош од струмичкиот градоначалник, Зоран Заев. Сфаќајќи ја алармантната состојба, Заев бара телефонски да се слушне со тонецот. Во телефонскиот разговор, Заев дознава колку изнесува вкупниот долг и го убедува тон мајсторот дека парите ќе му бидат донесени на рака за 15 минути, барајќи од него, веднаш да означи тонски старт на финалната вечер. Така и се случи. Победи зборот и македонската песна. Во време кога централната власт во државата, локалната власт во Валандово и директорувањето со фестивалот, се во рацете на ВМРО ДПМНЕ, Фолк фест “Валандово” го спасува градоначалникот на Струмица од редовите на СДСМ, Зоран Заев. За возврат, ниту една јавна благодарност.

Дали може да замислете друга ваква приказна, со променети улоги? Се разбира, не. Тоа би било научна фантастика. Македонската јавност и по толку години, никогаш не дозна за овој настан. За Заев, без сомнение, фалбата е р’ѓа. Ете, затоа ве прашувам, ГО ЗНАЕТЕ ЛИ ЗАЕВ? (Дали сакате и други вистински приказни за него?).
(ѓ.к.)

Фејсбук статус на Зоран Ристовски

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*