Познат идентитетот на брутално претепаното момче во Карпош – останува на лекување на неврохирургија

Во општина Карпош вчера попладнето момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник кој веднаш го напуштил местото на настанот.

Настанот се случил во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, каде младо момче било брутално нападнато, а според очевидците се наоѓало во многу критична состојба.

Од МВР информираат дека станува збор за 19-годишниот Ф.В.

„Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Шекспирова’’ во Скопје 19-годишниот Ф.В. со тврд предмет бил нападнат од едно лице.

Ф.В. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Напаѓачот му пристапил на момчето од зад грб и со тврд предмет го удрил по главата, објави Слободен печат. Голем број очевидците на полицијата и дадоа детален опис на напаѓачот.

Како што информираат од Клиниката за неврохирургија за Слободен печат, општата состојба на момчето се подобрува, а внатрешното крварење во главата е под контрола и нема потреба од хируршка интервенција. Направено е и контролно снимање, по што пациентот од интензивна нега е префрлен на одделение, но останува во болница на понатамошно следење.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*