Тажна исповед на мајката на Дона Арес: „Времето ништо не лечи, плачам по неколку дена“

Пред две години, по тешко боледување почина познатата пејачка Дона Арес.

Дона ја изгуби битката со болеста во својата 41 година. Одредено време живееше во Данска, а како што тврдат многумина пејачката почувствувала дека е крај, па сакала да се врати во родниот крај.

Нејзината мајка Ајка Колаковиќ најтешко ја поднесе нејзината смрт.

„Преболно е, претешко е. Не дај Боже на никој да не се чувствува како што се чувствувам јас. Времето ништо не лечи, имам јас свои механизми за функционирање, многу сме јаки, големи сме борци.Меѓутоа, таа секогаш е присутна. Научивме на нејзините турнеи и дека ја нема, но кога ќе дојдат денови и ќе се соочиш со реалноста, вистината е посурова. Престрашно е“ вели мајката на Дона Арес за „Аваз“.

Таа исткана дека човекот само може да научи да живее понатаму.

„Секогаш длабоко во себе ја чувам тагата и своите солзи ги чувам за себе. Но кога ќе дојдат овие денови, настанува хаос…Беше позитивна личност, полна со живот, а отсекогаш ја сакаше музиката. Од првиот ден кога се роди знаевме дека ќе биде музикална. Не беше важно кој жанр ќе биде, дали ќе свири или ќе пее“ се потсетува мајката на Дона.

„Некогаш кога ја слушам нејзината музика се чувствувам најнормално, како да е тука, а повторно ја нема…Зависи од моментот, од околината….Некогаш тој ураган во мене знае да преовладува….Плачам по неколку дена, па се смирувам, функционирам некое време, па повторно ќе дојде тој ураган. Некогаш и мојата сила е само маска. На ниту една мајка не и го посакувам тоа“ вели Ајка.

Извор: Вистина

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*