Прочитајте го ова и ќе ви се смени животот: Една банка секој ден ќе ви уплаќа 86.400 евра

Постојат само два правила за трошење.

Замислете секое утро кога ќе се разбудите, една светска банка да ви стави на сметка точно 86.400 евра. Што би сториле вие?

Таа банка има две правила:

Првото правило гласи: Сѐ што не сте успеале да потрошите за време на денот, ви се зема навечер!Не смеете да мамите, ниту да префрлате пари на друга сметка.
Имате право да го потрошите исклучиво за време на тој ист ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе ги отворите очите, банката ќе ви отвори нова сметка од нови 86.400 евра за тој ден и така секој ден.

Второ правило: Банката може да ја прекине таа „игра“ без какво било предупредување! Во кој било миг може да ве извести дека е готово и дека сметката дефинитивно се затвора.
Нема сомнежи дека добиените пари ќе ги трошите на забава и купување подароци за себе и на оние што ги сакате. Можеби ќе им подарувате и на оние што не ги познавате, само банката да не ви ги земе парите назад. Ќе се трудите секое евро да ви донесе среќа и задоволство.

Loading...

Па, каде има таква банка?

Таа волшебна банка ја имаме сите на располагање. Тоа е ВРЕМЕТО!

Секо утро кога ќе се разбудиме, нашата животна банка ни отвора кредит од 86.400 секунди живот за тој ден до спиење. Сѐ што не сме го преживеале тој ден –е загубено. „Вчера“ е засекогаш останато во минатото. И секое следно утро таа магија се повторува. Затоа, да не го заборавиме важното правило дека банката може да ни ја затвори сметката секоја минута, без предупредување. Во кој било момент, нашиот живот може да застане.

Што правите вие со Вашите 86.400 секунди на ден?

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*