Малиот Марко кој гази река за да оди на училиште остана без мајка си: Потребна е помош за него и неговите две братчиња

Илинка Арсовска жената околу која имаше вистинска драма да и се олесни болката , болеста и лекувањето по преживеан масивен мозочен удар ,мајката на 11 годишниот Марко – детето кое гази река и преминува граница за да оди на училиште, сношти не издржа почина.

Додека детето одеше преку реката на училиште неговата млада мајка се бореше за живот во болница во Скопје. Стана актуелна по објавено видео дека лежи во болничка соба во која ја лазат муви, а по интервенција на хуманисти беше згрижена и во приватна болница. Но и покрај се нејзиното срце на 44 годишна возраст не издржа.

Почина во дом за болни луѓе каде мораше да биде префлена оти не можеше да опстојува во домашни услови. Ниту децата ниту сопругот можеа да и пружат соодветна нега особено на раната која и се направи од лежењето на Клиника. Во болница во Куманово и покрај тешкиот мозочен удар немаше соодветна терапија , по што ја згрижи приватна болница. Но домашните услови сепак го направија своето. Државата ја одби за неколку парични додатоци.

И последните денови за семејството се пекол. На сопругот и покрај сиромаштијата за да биде Илинка однесена и подготвена за погреб му биле наплатени 250 евра , кои дел најверојатно ќе може да ги рефундира. Но сепак сопругот останува сам и му е потребна помош за децата за Марко , за него. Поради хендикепот не е способен сам да обезбеди леб за децата.

Семејството на Илинка живее во трошна куќа во кое нема купатило. Освен Марко, таа ги има и Милош и Дарко кој е болен од церебрална парализа. Таткото, сопругот е со хендикеп. Најстарото дете не оди на училиште оти немаат средства да платат.

Loading...
Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*