Се ожени двојникот на Проески: Тоше ми помогна да си го најдам патот!

Кога пред десеттина години, набрзо по смртта на легендарниот Тоше Проески, за прв пат започна да настапува во локалите во Србија, младиот поп пејач Андреј Дориќ, за кратко време стана популарен во регионот.Тоа во голема мерка се должеше на физичката сличност и бојата на глас со Проески,со што го привлече вниманието на јавноста.

Во разговор за ,,Фокус” пред повеќе години, тој откри дека често му се случувало за време на настап да му пријдат љубопитни гости и да го прашаат дали Тоше му е роднина, а за споредбите вели дека секогаш му биле голем комплимент.

Пејачот се уште настапува во соседството, а неодамна заплови и во брачните води со Александра, со која беше подолг период во врска. Вчера на својот профил ги сподели фотографиите од свадбената свеченост која се оддржала во Нови Сад.

Андреј веќе подолг период настапува со својот бенд ,,Бора Бора”, сними повеќе авторски песни, а се појави и во неколку ТВ шоу програми, каде не изостанаа споредбите со Тоше од страна на водителите. Тој не крие дека на некој начин Проески бил неговата ѕвезда водилка во музиката и дека уште во тинејџерските години многумина започнале да му кажуваат оти личи на музичката ѕвезда. Пред седум години започна соработка со композиторот Григор Копров и настапи на фестивалот ,,Охридски трубадури” каде го освои третото место од публика и од жири комисија.

Loading...

Целата сторија може да ја прочитате на Фокус

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*