ФОТО: Мразот почнал да се топи, па откри нешто кое со векови било заробено во глечерот

Истражувачи на југот на Норвешка пронашле стара викингшка железна стрела, поточно нејзиниот врв, а причина за ова откритие биле климатките промени.

Врвот од стералата е долг 18 сантиметри, а покрај него се пронајдени и остатоци од стрелата како и едно перо за кое се верува дека било дел од ова оружје.

Тимот од научници кои работат на ископување на глечерите Јутунхејмен, е дел од археолошка програма за глечери кои досега ископале над 200 откритија.

Најстариот од нив е 6000 години. Помеѓу предметите се наоѓаат и разни алати, кожа и облека, но и коски од животиско потекло.

Археолозите забележале дека климатските промени влијаат на глечерите кои почнуваат да опаѓаат и ослободуваат предмети кои со векови биле заробени.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*