Епидемилогот Мадад уште во декември предвидела сè од А до Ш, што ќе се случува со коронавирусот

Епидемиологот и експерт за ширење на заразни болести од Пакистан, д-р Сира Мадад, која е шеф на Програмата за спречување на ширењето на патогени во здравствениот систем во Њујорк, во документарецот што го снимила за Нетфликс во декември 2019 година, а само неколку дена пред Кина и Светската здравствена организација да објават присуство на нов непознат коронавирус (КОВИД-19), предвидела дека светот го очекува нова пандемија.

Во документарецот со име „Пандемија: како да го спречите ширењето“, докторката Мадад зборувала за своето широко искуство на полето спречување разни епидемиски кризи во светот, меѓу кои е и ебола, и за тоа колку сме навистина подложни на некоја нова пандемија. Судејќи по нејзините зборови, не се поставува прашањето дали, туку кога светот ќе биде зафатен од глобална криза од овој тип.

За жал, нејзините предвидувања се остварија до најситни детали – од тоа на кој начин вирусот се шири, колкав му е степенот на заразност, до тоа како ги контаминира површините.

Она што навистина заплашува се податоците на светски познати експерти и истражувања изнесени во споменатиот документарец, според кои светот би требало да се подготви за вирусни мутации кои и’ се закануваат на иднината, а кои најверојатно ќе потекнат од животински извор и ќе го најдат својот пат до човекот.

Колку ќе бидат опасни и на кој начин ќе се спречи нивното ширење, за сега никому не му е познато.

Loading...

Тие не’ потсетуваат на тоа дека пред само стотина години шпанската треска одзела десетици милиони животи и дека многу е реално такво нешто да очекуваме и во иднина, со таа разлика што сега медицината и технологијата значително напреднале и имаме посилни капацитети да го спречиме тоа, пред неконтролирано да се прошири.

 

Меѓутоа, група научни ентузијасти, со помош на корпоративниот сектор и фондација каква што води Бил Гејтс, деноноќно го истражуваат ова многу опасно научно поле, за да спречат идна пандемија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*