Ѓорѓе Давид за страшната борба со коронавирусот: Пред мене почина човек кој беше примен кога дојдов и јас

Познатиот рок пејач Ѓорѓе Давид веќе две недели се бори против коронависурот, откако на јавноста и соопшти дека е позитивен на Ковид 19, а се лекува на оделението за пулмологија на Клиничкиот центар во Србија.

Откривајќи детали од болницата, пејачот истакна и дека починал човек кој лежел покрај него, а кој бил примен таму истиот ден со него.

– Страшно е да бидеш болен од болест која носи жртви. Претходната недела покрај мене умре човек кој беше примен истиот ден кога и јас. Во таква ситуација не е паметно да зборувам за прогноза на болест против која се борат светските лекари, а која носи животи – вели Давид за Телеграф.рс.

Сепак, Ѓорѓе вели дека и натаму верува оти ќе излезе како победник во оваа битка.

– Ми останува вербата дека ќе излезам како победник. Ќе зборуваме низ што поминав и како изгледаше моето лекување кога ќе ми кажат дека вирусот веќе не е присутен – истакна поранешниот пејач на бендот „Генерација 5“.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*