МАЛЕНКО: Цел живот ја “раниме” државата за “земај плата-клати врата” – Морав да ставам клуч на врата, а имам 7 вработени

Статус на Никола Маленко од Скопје, сопственик на игротека за деца, кој поради мерките кои се спроведуваат за превенција од Корона вирусот морал да ја затвори игротеката уште на 7 март оваа година:

,,Сакам да изразам револт, личен, взаемен, фамилијарен, за кој знам дека и доста од Вас мои пријатели е личен став и ги руши и Вашите животни столбови. Имено, после мои 21-на година работа во приватниот сектор, ова што сега се случува, никогаш се нема случено.

Иако имав голема надеж и желба дека “вештачково чудо од (као демек) вирус” ќе заврши час поскоро, а со клуч на врата од 09-ти март 2020 и први на удар, до денешен ден смогнував сили и се акав по институции за да не одјавам ниту еден од вработените во нашата игротека.

Денес дојде денот кога тоа ќе мора да се стори, загубите се огромни а помошта нема да стигне ниту како субвенција ниту како безкаматно кредитирање. Вратите за микропретпријатијата се затворени. Повторно се дава помош само на оние што имаат милиони, а на цедило се оставаат огромен број микробизниси кои повеќе допринесуваат за стопанството во Македонија отколку милионерите.

Loading...

Фактот што ГЛОБАЛИЗМОТ се “тера на голема врата” се потврди овој период. Да поедноставам, ќе бидеме робови на сите што имаат пари. Толку едноставно е.

Да биде траг едијата поголема е тоа што јас а верувам и многу од Вас својот досегашен работен век го “терате” сами низ приватната призма во лавиринти и безброј голготи за парче леб за Вас и за семејствата на оние кои работат за Вас и Нас.

Цел живот ја “раниме” државата за “земај плата-клати врата”. И тоа сеуште трае. Јас бев приморан да ја затворам вратата на својата фирма и да опнам клуч со 7 вработени, не по моја вина, ами по вина на неспособните кои ја водат државава во финансиски амбис.

Но, кога човек ќе ја види глобалната слика, неспособниве работат на повик и така им е’ и кажано, кого и како ќе кредитираат и помагаат а кого не. Сликата многу брзо ќе се смени, а мојата огромна желба е да на своја кожа “напиканите административци” ја почувствуваат голготата која ние ја поминуваме веќе трета деценија.

Од неспособниве нема леб секако, па уште и фирмарина бараат. Глобализмот да Ви се удри во глава час поскороооо!!! МРШШШ!!!”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*