Исповед на келнер: “Газди” ви трчавме и правевте пари на наш грб, а вие сега не оставивте на yлица

Келнер од Скопје со порака до сите сопственици на ресторани и угостители кои масовно почнаа да ги отпуштаат своите работници:

“Вие си уживавте и глумевте богаташи во вашите ресторани додека седевте со ваши пријатели, пиевте и мезевте, ние макотрпно работевме за минимални дневници колку да преживееме.

Видовте мала криза и одма почнавте да кукате и плачете додека во минатото на наш грб правевте пари за луксузни коли и одмори. Парите ги трошевте за луксуз а денеска немате да ни исплатите за минимална плата.

Не фрливте на улица да се бориме сами за да донесеме парче леб на нашаша фамилија, а потоа повторно ќе плачете и ќе ви се криви останатите угостители надвор од нашата држава кога ќе го земат целиот персонал за пет пати поголеми плати.

Само едно да разберете дека повеќе нема молчење ова е крај, наскоро се формира сојуз на угостителски работници каде ќе го слушнете нашиот глас и бројка!” – ова беше пораката која беше посветана до сите угостители.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*