Еве чиј е гласот кој ги синхронизира Мемо и Џан во турската хит серија „Близнаци“

Секој работен ден на Сител телевизија имаме прилика да ја гледаме турската серија „Близнаци“.

Близнаците Мемо и Џан се едни од главните актери во серијата. Во серијата „Близнаци“ станува збор за двајца браќа кои се сретнуваат по 12 години.

Мемо живее во едно сиромашно преградие со неговата мајка Мелек и забавниот вујко Осман.

Деновите ги поминува собирајќи хартија по улица, продавајќи вода и чистејќи автомобили со цел да заработи пари.

Loading...

Од друга страна, Џан живее во вила на неговиот богат дедо заедно со неговиот татко, бизнисменот Онур.

По 12 години, браќата Мемо и Џан повторно се сретнуваат и започнува откривање на семејните тајни.

Мемо и Џан со своите интересни улоги секојдневно донесуваат радост и весели моменти во домот на многу семејства.

Меѓутоа, дали знаете кој го синхронизира гласот на Мемо и Џан?

Станува збор за 12 годишниот Димитар Христовски, откривa „Jingle tv“. Димитар одоговори на прашањето дали му е тешко да ги синхоринизра двајцата лика.

„Тоа зависи дали си добар во синхронизирање или не. За мене тоа е многу лесно“ вели тој.

Димитар објасни дека дома не се подготвува туку во студиото снима по цела епизода, па на крајот ако не е добра, повторно преснимува додека не го добие посакуваниот резлутат.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

ЕКСКЛУЗИВНО: Кој е гласот кој ги синхронизира Близнаците Мемо и Џан…

ЕКСКЛУЗИВНО: Кој е гласот кој ги синхронизира Близнаците Мемо и Џан…Видеото е во продукција на JingleTV Macedonia и Erler Film A.Ş.Снимката е во сопственост на YouTube каналот JingleTV. Сите наредни поставувања на снимката ќе бидат пријавени, што може да резултира со трајно бришење на Вашиот канал.Ви благодариме на разбирањето.Комичната хит – серија "Близнаци" гледајте ја секој работен ден во 19:45 часот ексклузивно на #СителТелевизија. #IkizlerMemoCanMakedonya #EmirBerkeZincidi Official facebook: https://www.facebook.com/jingletv.mk/Instagram: https://www.instagram.com/jingle.tvWeb: https://jinglemk.wixsite.com/jingletv

Публикувахте от Jingle TV в Петък, 8 май 2020 г.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*