Еве што нè чека по вакцината за корона – вирусот ќе го победиме, но има еден друг проблем…

Има сè повеќе докази дека пандемијата корона со себе влече една друга пандемија – отпорност на антибиотици.

Иако коронавирусот е нова болест, податоците од некои области покажуваат дека дури 90 отсто од пациентите се лечат со антибиотици. Тоа се податоци од болницата која што не ги зема предвид случаите на луѓето кои што консумираат антибиотици на своја рака.

Loading...

Отпорноста на антибиотици е веќе алармантна, а причината е речиси 700.000 смртни случаи годишно во светот. За работата да биде полоша, нема да има лекови кои што ќе можат да помогнат затоа што произведувачите на антибиотици банкторитаа, а сега сите сакаат да ја создадат вакцината против коронавирус.

Многубројни истражувачи претходните месеци ѝ се обратија на јавноста предупредувајќи на еден проблем.

„Внимателно користете ги антибиотиците, важно е колку и носењето заштитна опрема“ – вели Адам Робертс, микробиолог.

Бактериското воспаление на белите дробови е чест симптом на вирусните инфекции. Поголемиот дел од починатите од шпански грип не ги убил грипот туку бактериската инфекција која што го нападнала ослабнатиот организам.

Според првите податоци од Вухан, 15 отсто од заболените од корона добиле бактериска инфекција, од кои половина починале.

Докторите им даваат антибиотици на заболените од вирусот превентивно за инфекцијата да не се прошири. Во нормално време, антибиотик се дава дури кога лабораториски ќе се потврди присуство на бактерија.

Покрај хидроксихлоквин, како лек за корона се појави и антибиотикот азитромицин, па произведувачите во САД пријавиле недостаток на тој лек.

Ситуацијата дополнително се влошува поради тоа што нови антибиотици нема, а токму тоа е и најголемиот предизвик.

ВО САД две големи фирми кои што произведуваат лекови, морале да поднесат барање за банкрот, што е уште една закана за во иднина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*