Девојките разочарани: Саша Ковачевиќ се жени?

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ го привлече вниманието на јавноста со својата работа, добриот изглед, но и фактот дека кариерата не ја градеше врз основа на сензации и скандали.

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој често гостува во нашата земја е актуелен со врската со Зорана Тасиќ. Таа од првиот брак ја има ќерката Искра, за која Ковачевиќ вели дека ја сака како да е негова ќерка.

„Уживам во игрите со Искра, и ја сакам како да ми е ќерка“, вели пејачот. Зорана инаку е од градот Кикинда, и е поранешна Мис на Војводина.

-Таа е една скромна и нормална девојка, која не ги сака денешните модерни трендови, нејзе тоа не ја интересира. Мене тоа на некој начин и ми годеше, што не ја интересира јавниот свет. Не пати од тоа да биде во медиумите, да биде видена. Таа се криеше првите седум, осум месеци. Луѓето не знаеја дека сме заедно. Се појавивме првпат на отворањето на мојот ресторан, вели пејачот за емисијата „Ексклузивно“.

Женскиот дел од неговата публика, покрај за песните, е заинтересирана и за неговиот љубовен живот. За овој дел од животот говори многу ретко, но веќе е јасно дека е заљубен и ужива со својата девојка Зорана за која вели дека го освоила со неспосредноста, природноста, насмевката, скромноста. Саша додава дека има многу фактори поради кои оваа девојка успеала да го заведе најпосакуваниот пејач.

Loading...

-Зошто да не? Времето ќе покаже. Не сум веќе толку млад, низ насмевка одговорил Ковачевиќ на прашањето дали во скоро време планира да застане пред матичар.

Пејачот истакнува и дека му се јавива желба за татковство.

-Тоа е природна и нормална работа и верувам дека ќе се остварам и во улогата на татко во наредниот период и дека се ќе биде онака како што сакам. Искра (ќерката на неговата девојка) ја доживувам како свое дете, нагласува згодниот пејач.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*