Со правила немаше никаде да стигнам: Елена Велевска по малтретирањето и разводот

Елена Велевска е една од ретките македонски пејачки која знае како да си ја менаџира популарноста. Точно знае кога треба да провоцира, а кога да се повлече. Се чини дека секој нареден „пост“ на социјалните мрежи ѝ е добро осмислен.

„Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам“, напиша таа под последната фотографија што ја објави на „Инстаграм“ – со неколку килограми повеќе, но очигледно конечно среќна по сите животни драми кои последниве две години ги сподели со новинарите.

Втората шанса која одлучи да му ја даде на сопругот, и покрај тоа што претходно јавно го обвини за семејно насилство, не роди со плод, па разводот сепак ѝ остана единствена опција. Фолкерката во емисијата „Живот со стил“ конечно ја откри и вистинската причина за разидувањето со бизнисменот Марјан Мирчески.

– Да, бев жртва. Во нашиот случај не се работеше за прељуба, туку за семејно насилство, како физичко, така и психичко – откри Велевска.

Разводот го потврди и Мирчески тврдејќи дека пејачката има нарушена здравствена состојба и дека е опасна за околината. Тој во февруари годинава најави дека ќе направи сѐ што може да ѝ помогне, но и дека до крај ќе се бори за старателството над нивните три деца – ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Loading...

Елена и Марјан беа повеќе од десет години во брак. Велевска го запозна Мирчески на една од нејзините турнеји во Австралија. Ѝ се случила љубов на прв поглед, раскажа таа во едно интервју.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасни ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*