Влегла во автобус и ја замолила жената без маска да се тргне од неа: Се шокирала од реакцијата

Белграѓанката Марија Р. брзала за на работа и влегла во градскиот превоз. Веднаш на самиот влез ја затекнала многу вознемирувачка глетка.

Во автобусот имало многу луѓе, но само неколкумина од нив ја носеле препорачаната заштитна опрема.

Loading...

“Секој ден одам на работа со автобус и ситуацијата е сè полоша и полоша, а луѓето се однесуваат сè поопуштено. Ги броев, само седуммина од нас носеа маски од вкупно триесеттина луѓе во автобусот, а ракавиците воопшто да не ги спомнувам” – раскажува оваа жена за “Блиц”.

Белграѓанката после иницијалната непријатност доживеала и вистинска неугодност.

“Седев во автобусот а покрај мене беше она место кое е обележано како седиште кое мора да остане празно. Влезе една девојка и седна покрај мене. Имаше приближно триесеттина години, не носеше маска, а седна покрај мене онака најопуштено на седиштето на кое е забрането седнување. Станав и сешто и се изнакажав.” – раскажува Марија.

Во тој момент се приклучил уште еден патник кој носел маска. “Постар човек кој се најде во близина се замеша и и’ рече на девојката дека треба да се засрами, дека мора да носи маска и дека јас поради нејзиното неносење на маска сега мора да стојам.

Мислите дека таа некако изреагира? Не. Мува не ја полази. Без срам девојката си продолжи да си седи, а јас продолжив да стојам” – раскажува Марија.

Има гужви на улиците, има доста возила, но патници има изненадувачки малку. Во автобусите нема толку гужва како порано, ама ниту правилата не ги почитуваат сите.

Некои носат маски, некои не, но кој може било што да им каже. Јас се чувствувам безбедно, носам маска и ракавици, правам сè што е во моја можност – изјавил за Блиц возачот на автобусот од линијата 53.

Вистината е таква, во тоа се уверија и репортерите на Блиц. Додека некои ги почитуваат мерките, како што се влез на предна врата, носење на маска и ракавици, од друга страна тие забележале и целосно поинаква глетка.

Поедини патници не само што не носеле заштитни маски и ракавици, туку и седеле на местата кои за тоа не се предвидени. Не ја почитувале ниту пропишаната дистанца, ниту ја очитувале картата, иако за сè биле навремено информирани.

Меѓутоа, во автобусите нема контрола како што претходно било предвидено и претпоставките се дека поради тоа се случуваат вакви пропусти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*