Фросина Ѓорѓиовска: Глејте си вие ругобите по дома што ви шетаат и ич да не ви е гајле за реисот

Завчера македонската јавност беше изненадена од веста која ја објави порталот Либертас, а ја пренесе од албанските медиуми во земјава, дека 74 годишниот Реис, одлучил да се ожени со педесет години помлада жена.

Реисот Сулејман Реџепи кој 4 години беше сингл, одлучил повторно да се жени. Вака пишува на објавата на “Шкупи Нисма” на социјалните мрежи, која ја пренесуат и дел од медиумите на албански јазик, пренесе Либертас.

Loading...

“Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого. И посакуваме живот како што заслужил”, пишува во објавата на “Шкупи Нисма” на Фејсбук, кој перманентно ги критикув и политиките на ИВЗ.

Порталот ШќипМедиа контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста, и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот, напиша Либертас.

Подоцна информацијата ја пренесоа речиси сите медиуми, а вчера новинар на прес, на Реисот и јавно му ја честиташе венчавката, на што овој се заблагодари.

Социјалните мрежи беа преполни со коментари, некои се потсмеваа на информацијата и ја осудуваа постапката на Реисот, поради разликата во годините, но многумина и му дадоа комплетна поддршка, напоменувајќи дека се работи за негов приватен живот, во кој никој не смее да се меша.

Забележавме интересен коментар од скопјанката Фросина Ѓорѓиовска, кој ви го пренесуваме:

,,А што ви е гајле вас реисот со каква жена се оженил? Што не си гледате вие што имате по дома? Или страв ви е да размислувате за себе и својот живот, па секогаш е подобро на вакви теми да се мавне сеир?

Гледам дека најмногу коментираат за него оние што се дупло помлади од него, а не можат да си фатат женска, оние женетите за ругоби што им ствараат импотенција.

Се заебаваат со реисот оние женчиња што не можат да фатат ни ев ач, ни дечко и онаа сорта на жени што врвен дострел у животот им е праење сарма, раѓање и живеење во конзерва, а се мажени замо затоа што така треба, иако не можат веќе да го гледаат мажот како им се мавта по дома у синдикалка и им ждрига.

Ај прво прашајте се зошто не сте среќни, па после судете за нечиј друг живот”, напиша Ѓорѓиовска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*