Беше посветен сопруг и татко: Македонија се прости со младиот пејач

Вчера неочекувано почина пејачот Емрах Мехмеди од Жировница, Дебар. Животот го загубил во несреќен случај, паѓајки од скеле, информира порталот 24инфо.

Мехмеди ја негуваше македонската народна песна. Негови блиски велат дека бил посветен сопруг и татко.

Неговиот профил на социјалните мрежи, поточно Фејсбук е полн со емотивни проштални пораки и постирање заеднички фотографии од своите фанови.

Младиот пејач Емрах Мехмеди од Жировница беше познат по тоа што веќе подолго време ја негува македонската народна песна. Тој неодана за естрадниот магазин Естрада плус говореше за она што го планира во иднина, за снимање нови спотови и емисии.

Фолк-пејачот Благоја Грујовски, кој често имаше заеднички настапи со Емрах, за „Фокус“ ја потврди веста. Тој вели дека се уште е во шо к поради ненадејната загуба на блискиот пријател и колега.

Loading...

-Со неполни 30 години си замина. Син единец, татко на две мали дечиња. Многу ми беше близок, безрезервно го поддржував во кариерата. Често настапувавме заедно, нема кој не го знае во неговиот крај, беше еден од најбараните музичари, посебно кога беа свадбите во прашање – раскажува Грујовски.

Тој додава дека освен настапите со бендот, Емрах неодамна започнал и соло-кариера, снимил повеќе песни, имал гостувања во музичката емисија „Мерак меана“.

-Во чекор му се прекина животот, кариерата. Ова се случило кога монтирал антени за телевизија, пад од скала. Претпоставувам било доста високо, не знам што да кажам, ова е голема загуба за семејството, за естрадата – вели Благоја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*