Не сум и лут на родилката: Докторот што се зарази разочаран од колегите

Докторот позитивен на Ковид-19 кој се зарази од родилката конечно се огласи за целата ситуација. За порталот „Фронтлајн“ тој вели дека не е толку гневен на пациентката.

– Секој си бара решение. Ќе лаже, ќе манипулира, сè ќе направи. Меѓутоа, во време на пандемија, во вонредни услови, некои права се суспендираат. Такво е и правото на користење здравствени услуги, да се прави избор. Со владина уредба сега изборот нѝ е малку поинаков. Ако со владина уредба таа институција е одредена за третман на трудници со Ковид, како ја пуштаат, каде ја пуштаат, каде, во Кожна клиника?! Четири куќи се во Скопје кои се бават со гинекологија. Зарем не требаше, од колегијалност, од етички причини, да се сврти телефонот кај останатите три гинекологии и да се каже – колеги, таа и таа излезе од кај нас, вардете се, ќе ве лаже и вас, што, всушност, и се случи – револтирано раскажува тој.

Нему не му е јасна постапката на колегите од  ГАК кои, како што вели, ѝ даваат за право да потпише некоја изјава, која, патем, сега веќе ја нема, и да си замине од болницата.

– Е па, не може така! Не по 160, по 1.600 заразени на ден ќе има, ако вака постапуваме. Не можам да ги сфатам моите драги колеги, кои во оваа ситуација имаа шанса да нѐ заштитат нас, а тоа не го направија. Ги потенцирам овие пропусти во комуникацијата меѓу болниците и лекарите, пропусти кои земаат свој данок. Не ми е целта сега да оцрнам или обвинам некого, туку ова го кажувам за да не се повтори – вели докторот за „Фронтлајн“ заклучувајќи дека свеста е многу дискутабилна категорија.

На прашањето како се чувствува, вели дека засега е добар.

Loading...

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*