„Бремена сум конечно после три ин-витра, но животот ми го приреди најстрашното сценарио“-Исповед на Кристина од Куманово

Со Дарко сме во брак 10 години. Цело време се обидувавме да имаме бебе, но никогаш не се фаќаше. Јас и Дарко сме потполно здрави и способни да имаме дете, но ете Господ не сакаше да не дарува со тој благослов.

Поминавме низ многу доктори во Македонија и низ Европа и сите го кажуваа истото…„Вие сте потполно здрави, сеуште не дошол вистинскиот момент“. Бевме тажни, запрепастени, депресивни. Направив три ин-витра. Сите беа неуспешни. Моментот кога дигнавме раце од се, се случи чудо. Двете цртки на тестот за бременост јасно светнаа. Конечно бев бремена. Со Дарко бевме пресреќни, конечно нашиот сон се исполни. ,,Ќе станеме родители“, викавме на цел глас…

Loading...

Бременоста се одвиваше многу добро. Јас се чувствував супер. ТАА, Леа, напредуваше одлично. Носев девојче. Името го избра Дарко. Едвај чекаше таа да се роди.

Бев во последниот месец од бременоста и секој момент очекувавме да се породам. Тој ден Дарко беше втора смена. Требаше да се врати околу 11 часот дома. Помина 11 часот, дојде полноќ. Си мислев дека можеби се нашол со некого на пат накај дома. Дојде 1 часот по полноќ, дојде и 2 часот. Дарко го немаше. Конечно во 3 часот тропна некој на врата. Тоа беше полицијата. Дојдоа да ме известат дека мојот Дарко го удрило камион кога се враќал од работа со неговиот автомобил. Сум изгубила свест. Кога ги отворив очите веќе бев во болница, а едно прекрасно мало девојче лежеше покрај мене и ме гледаше со бадемовите очиња. Истите очи на Дарко. Ја погледнав Леа, иста на тато и тогаш сватив дека нејзиниот тато го нема. Солзите не можев да ги сопрам, срцето ми се кинеше, коските ми се тресеа.

Тоа е мојот живот, но продолжив со крената глава напред. Ја имав Леа, за неа требаше да живеам. Денес Леа има 20 години, а јас никогаш не се премажив. Споменот на Дарко никогаш не го извалкав. Тоа беше мојот маж и е еден и единствен за мене.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*