Жените полудеа по него: Најзгодниот турски романтичар Џан Јаман има македонски корени…

Новата турска серија која се емитува на ТВ Сител за неколку дена стана вистински хит кај македонската публика.

Станува збор за интересна серија која е насловена како „Романтичарот“ главна улога во неа ја има 30-годишниот Џан Јаман, кој и во серијата го носи истото име.

Loading...

Тој  е адвокат,потоа глумец, а понекогаш има ангажмани и како модел.

Џан важи за еден од најзгодните и најбараните актери во Турција кој се уште е слободен, а тоа дополнително ги мотивира девојките да го освојат неговото срце.

За медиумите вели дека како и секој нормален човек има свои потреби и има некој во животот, но за тоа не сака да открива јавно.

Интересно е тоа што има македонско потекло, односно неговата баба по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај Македонците.

Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е  Турција.

 

Популарноста на актерот по серијата се искачи на врвот во Турција, тој навистина стана миленик на женските срца.

Погледнете како во Турција се пречкува ѕвезда како Џан.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*