И го скрши срцето – Еве како изгледа поранешниот сопруг на Суреја од Истанбулската невеста ФОТО

Актерката со кипарско потекло Асла Енвер има 34 години и е една од најпопуларните турски актерки на сите времиња. Родена е во Лондон и живеела таму се до нејзината дванаесетта година. „Мојата баба шиеше униформи за англиската војска, па Британците ја викнаа во Англија. Таа отиде во Лондон со своите шест деца. Татко ми со мојата баба и браќата долго живееше во Лондон. Од друга страна, мајка ми беше едно дете, и кога заврши училиште, отиде во Лондон за да научи англиски и се сретна со татко ми, меѓу кои се роди голема љубов”, вели таа за турските медиуми.

Асли дипломира на Универзитетот „Халич“ во Истанбул. Но искачувањето на тронот за неа не беше воопшто лесно, бидејќи се бори со дислексија, па за секој текст и треба повеќе време за да го научи. Во нејзината намера да стане актерка, многу и помогнала нејзината мајка.

Loading...

Улогата во популарната серија „Истанбулска невеста” и ги отвори вратите за бројни улоги. Асли брзо дојде до ангажман со најпознатите турски актери како што се Озџан Дениз (Фарук од „Истанбулска невеста“) и Мерјем Узерли, популарната Хурем од „Сулејман Величествениот”.

Таа зад себе има неуспешен тригодишен брак со актерот и манекенот Биркан Сокулу. По разводот во 2015 година за турските медиуми изјави дека повеќе не верува во љубовта, но по некое време како да се предомисли.

Познатата турска актерка Асли Енвер и Биркан Соколу познат како Керим од серијата ”Животот не е песна” во 2012 година стапуваат во брак.

Во 2015 година ставаат крај на нивната љубов и се разведуваат. Во продолжение погледнете фотографии од нивната свадба…

Асли во моментот е во врска со 38 годишниот музичар Мурат Бозу. Иако ја остави непосредно пред венчавката, Асли сепак одлучи да му прости и да му даде втора шанса. Тие се запознаа на снимањето на турскиот филм „Мој брат“, а по долгогодишната врска одлучија да се венчаат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*