„Сега сме во одлични пријателски односи“: Ирена Спасовска прозбори за разделбата со Орце

Естрадно –новинарската двојка, Ирена Спасовска и нејзиното момче Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска и ставија крај на нивниот заеднички живот.

Во медиумите се шпекулираше дека причина за нивната разделба е ново момче на Ирена, а таа сега првпат прозбори и во интервју за Вечер прес откри во какви односи е со бившото момче.

Loading...

Чаршијата може да зборува што си сака, затоа и се вика чаршија. Но, за сето тоа е “заслужна” една новинарка (В.М.) а, пишува паушално и без мојата потврдена изјава. Таа се дрзна, пишувајќи невистини од типот “чаршијата збори….” Ете, колку да си го пополни порталот, а при тоа не размислувајќи дека со тоа нанесе непроценлива штета врз мојот интегритет, моето дете и моето семејство.

Тоа е крајно непрофесионално. Колку што знам и за неа чаршијата зборува дека ја немаат видено 15 години со маж и дека оди на промоции само да јаде, не следејќи го со внимание настанот.

Или е викната само да трачари? Тоа и е стилот иако тоа што го изнесе, тие непотврдени изјави од мојата страна, сигурно ја направиja среќна, а сигурно тој ден ја доби и читаноста. Инаку, ставив крај на врската со Орце, сега сме само во одлична пријателска и професионална комуникација…….А, како ќе биде, ќе видиме…. доколку со новата емисија во МТВ сметаат дека имаат потреба да им пеам, јас сум тука, како еден вистински професионалец. Не би требало да се чувствувам бојкотирано, бидејќи и тие се професионалци…изјави Ирена за Вечер.

Иако 13 години живееја под ист покрив, сепак не ставија потпис и никогаш не стапија во брак.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*