ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Овој хороскоп секогаш ја има помошта од Бог

Планетата која владее со овој знак е Јупитер. Овој знак, како и планетата која владее со него, претставува моќ, успех, уживање, а ја има и помошта од Бог на дланка. Тогаш кога најмалку се надева, Божјата рака се спушта и му помага.

Зборуваме за Стрелецот.

Loading...

Тој е огнен знак кој симболизира далечина, патување, космополитски дух и високи морални начела.

Неговите припадници се енергични, отворени и не остануваат покрај партнерот кој повеќе не го сакаат. Во комуникацијата се многу отворени, а некогаш и премногу.

Тие го кажуваат она што прво ќе им падне напамет, прашуваат многу работи што ги интересираат, а некогаш и наивно, детинесто зборуваат за своите планови. Во основа се чесни и искрени, па мислат дека и другите се такви.

Тие се великодушни, сакаат луксуз, прослави, свечености и друштвени собирања. Сакаат да бидат онаму каде што се случува нешто, а први се јавуваат како доброволци ако на другите им треба помош или нешто друго.

Нив ги привлекува она што е поразлично, други земји, обичаи, култура, јазици, а особено егзотични подрачја. Стрелците уживаат во патувањата, не сакаат досадни работи и мразат озборувања.

Но, најмногу мразат ограничување на слободата, односно чувство дека некаде мора да останат или да направат нешто. Сакаат да бидат независни и слободни како птица во лет.

Стрелците се со млад дух и прекрасен надворешен изглед, спортски градени, а сакаат и спортови, а тенисот им е најоимилен. Тие понекогаш се бунтовници, но сепак продолжуваат по својот пат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*