Епидемиологот што прв ја предвиде и предупредуваше за пандемијата од коронавирусот објаснува што не чека и кога ќе заврши

Епидемиологот Лари Брилијант (75) кој во 2006 година го предупреди светот на пандемија, вели дека можеме да го победиме корона вирусот.

Loading...

Според него на државите треба да им е приоритет масовното тестирање, како што тоа на пример го направи Јужна Кореја.

Пред 14 години Лари Брилијант, епидемиологот кој учествуваше во искоренувањето на малите сипаници, зборуваше во својот ТЕД говор за следната голема пандемија. Неговите предвидувања од 2009 година беа толку страшни што тогаш ретко кој го сфати сериозно. Но сега на сите им е јасно дека бил во право за се што збрувал.

Милијарди ќе се разболат. Околу 165 милиони луѓе ќе умрат. Ќе дојде до глобална рецесија и депресија, а трагедија од околу 100 милиони мртви нема да биде ништо во однос со трагедијата што ги чека оние што ќе преживеат – рецесија, депресија, недостаток на работа, недостаток на здравствена заштита.

Последиците од таквата пандемија ќе бидат незамисливи – предупредуваше овој познат епидемиолог пред 14 години. Таквиот незамислив пекол денес стигна, а Брилијант е на чело на тимот за окончување на оваа пандемија, која е на самиот почеток, а веќе ни ги поремети животите на сите.

Тој во разговор за магазинот зборуваше за тоа што не очекува за време, но и по завршувањето на оваа пандемија.

„На својот ТЕД говор кој го нареков ‘Помогнете ми да ја сопрам пандемијата’ желбата тогаш не ми беше исполнета, но некои од системите што тогаш ги побарав се покренати. Смешно е тоа, бидејќи сите го гледавте филмот ‘Contagion’. луѓето веат дека во него сé е предвидено. Но не е во прашање никакво предвидување, туку тоа го зборува науката. Епидемиолозите последните 10 до 15 години предупредуваат дека ќе дојде до ова, но тешко е да ги натерате луѓето да слушаат“ вели во интервјуто Брилијант.

Корона вирусот е нов, и со самото тоа не постои нити едно лице на планетата што е имун на него бидејќи никогаш го немал претходно. Тоа значи дека може да зарази преку седум милијарди луѓе ширум светот.

Што се однесува до повторната зараза од новиот корона вирус за кој се зборува, верувам дека попрво ќе излезе дека тестовите потфрлиле (не биле најпрецизни) отколку што навистина дошло до повторна инфекција. Но имајте на ум дека милиони од нас ќе заболат од овој вирус. Се е можно. Ова е најопасната пандемија со која сме соочени. Она што навистина е важно е сите да се изолираме за да ја развлечеме кривата на заразата колку можеме повеќе.

Со тек на време ќе дојде до епидемиолошки златен прстен.

Тоа значи дека прво, голем број луѓе ќе го преболат корона вирусот и ќе станат имуни на него, а второ – ќе развиеме вакцина. Комбинација од овие два фактора ќе биде доволна да го развиеме имунитетот на стадото, што значи заштита за околу 70 до 80 отсто од целокупната популација.

Дали сум исплашен? Па јас сум во најризичната група. Всушност, ако не сте загрижени, тогаш најверојатно воопшто и не следите вести. Но, не се плашам. Цврсто верувам дека можеме да го задржиме вирусот и дека наскоро ќе дојдеме и до вакцина. Само морате да имате на ум дека ова не е крај на светот, ниту пак некаква зомби апокалипса.

„Ова не е процес на масовно умирање – ситуацијата ќе биде ставена под контрола.“

Треба ли да носиме маски?

Маските Н95 се одлични. Но порите кај нив се широки три микрони. Самиот корона вирус е широк еден микрон. Така што, реалноста е дека овие маски не нудат потполна заштита, но замислете ситуација во која три крупни фаци сакаат да се втурнат истовремено низ вратата. Нема да успеат. Маската нуди заштита, не потполно, но нуди до одреден степен. Според некои проценки дури пет пати повеќе отколку да не носите ништо. Мене ми е тоа сосем доволно како совет за да носам маска, но треба да имаме на ум дека сега секаде има недостаток на маски и дека на медицинските лица им се најпотребни.

Како ќе знаеме дека пандемијата е готова?

Состојбата во целиот свет нема да се врати во нормала додека не се случат следните три работи

Прво, да видиме како тече заразата и дали ги знаеме сите начини на пренесување. Ако сега го гледаме само врвот на ледениот брег заради недоволното тестирање, тогаш сме во голем проблем.

Второ, мораме да имаме третмани што делуваат, лекови или вакцини, или и двата.

Трето, и можеби најважното, е тоа да медицинските работници, докторите, полицајците, пожарникарите и учителите да стекнат имунитет и да се тестираат за да бидеме сигурни во тоа. Дури тогаш ќе можеме да без страв почнеме да градиме полека нормален живот. Во првиот налет, треба да работат само оние што го прележале вирусот. Така ќе бидеме сигурни дека докторите и медицинските сестри кои ги негуваат постарите нема да го пренесат вирусот, да можеме слободно да одиме на забар, да можеме детето да го пратиме на училиште, вели познатиот светски епидемиолог.

Како и во секоја катастрофа, и од оваа ќе имаме многу што ќе можеме да го научиме и примениме. Најпрво ќе мора да ревидираме како функционираат работите, што треба да се менува во системот и што можеме да подобриме, а што да го отфрлиме, се заклучува на крај Лари Брилијант.

Кој е Лари Брилијант

Во прашање е еден од најеминентните американски епидемиолози, кој се бореше против големите сипаници, грип, детска парализа, слепило, работел за Светската здравствена организација. Интересно е и тоа што бил еден од стручните консултанти на филмот “Contagion”, кој беше снимен во 2011, а во кој вирусот во светот се шири на сличен начин. Во овој филм последиците се многу полоши – тие се фатални!

Извор: Гламур

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*